
По четирите меѓусебни порази во низа, Њу Џерси Девилс дојдоа до првата победа над Њујорк Ајландерс, откако синоќа ги совладаа со 1-2.
Во првата третина, со својот шеснаесетти гол сезонава, водство на Девилс им донесе чешкиот хокеар – Павел Заха.
Во шестата минута од вториот период, противничката мрежа ја затресе Ентони Бовилие, кој израмни на 1-1.
Само десет минути подоцна беше поставен и конечниот резултат, откако победоносниот гол за Девилс го постигна Мајкл МекЛиод.
Покрај стрелците, одлична партија имаше и гостинскиот голман, Мекензи Блеквуд, кој одбрани дури 32/33 шутеви (96,97%).
На табелата на Источната дивизија, Ајландерс го заземаат четвртото место, но сепак го загарантираа своето учество во плејофот, за разлика од шестопласираниот Њу Џерси, кој има уште само две средби во оваа сезона.



