
Во текот на изминатите две седмици, во Шефилд, Англија, беше одржано 45. последователно Светско првенство во снукер.
На него, со титулата ,,светски шампион”, по четврти пат во кариерата се закити поранешниот играч број еден – Марк Селби.
Селби претходно беше светски шампион во 2014, во 2016 и во 2017, а во овогодинешното финале го совлада првакот од 2005 – Шон Марфи.
Во битката за тронот, Селби го надигра Марфи со вкупен резултат од 18-15, доминирајќи во текот на вториот ден.
На патот до големото финале, Селби загуби само тринаесет фрејмови во првите три дуели, но во полуфиналето мораше да го ,,положи” најтешкиот испит.
Имено, откако ги совлада Курт Мафлин (10-1), Марк Ален (13-7) и Марк Вилијамс (13-3), новиот шампион мораше да надомести заостаток од 12-9 против Стјуарт Бингам за накрај да слави со 17-15.
Од друга страна, Марфи во нокаут-фазата ги елиминираше Марк Дејвис (10-7), Јан Бингтао (13-7), Џад Трамп (13-11) и Кајрен Вилсон (17-12).



