
Синоќа, Вашингтон Нешоналс дојдоа до третата победа во низа, откако ги совладаа Мајами Марлинс со 7-2.
После четири ининзи победничкиот состав веќе водеше со 7-0, а Мајами поентираше во шестата и во седмата деветтина за поставување на конечниот резултат.
Од домашниот состав, хоум-ран постигна Јан Гомес, а по четири бази, освен него, освоија уште Џош Херисон, Ендру Стивенсон, Треј Тарнер, Јадиел Хернандез и Кајл Шварбер.
Од друга страна, кај Мајами, топката на трибините ја префрли Хесус Агилар, а Џон Берти поентираше со трчање.
Непосредно по мечот, на табелата на Националната лига, Вашингтон (11-12) го заземаше десеттото, а Мајами (11-15) – четиринаесеттото место.



