
Серијата од четири победи на актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, беше прекината синоќа од неочекуван ривал.
Имено, Детроит Ред Вингс славеа на домашен терен против претставниците на Флорида после пенали.
Во текот на играчкиот дел од натпреварот, резултатот гласеше 0-0, а Детроит ја доби пенал-серијата со конечни 4-3.
Прецизни за победничкиот состав во завршницата беа Јакуб Врана, Филип Задина, Валтери Филипула и Сем Гање.
Од другата страна, мрежата на одличниот Томас Грајс (33/33 одбранети шутеви после 65 минути игра) ја затресоа Рос Колтон, Брејден Поинт и Тајлер Џонсон.
На табелата на Централната дивизија, Тампа Беј го држи второто, а Детроит – седмото место.



