
Ситуацијата на врвот на Националната лига потполно се изедначи после дуелот на Сан Диего Падрес и на Сан Франциско Џајантс.
Имено, со учинок од 16-10, првата позиција ја делат Сан Франциско, ЛА Доџерс и Милвоки Бруерс, додека веднаш зад нив е Сан Диего (15-12).
Синоќа, Падрес минимално ги поразија Џајантс со резултат од 3-2.
Сан Франциско постигна по еден поен во првиот и во осмиот ининг, додека Падрес поентираа во првата и во шестата деветтина.
За Џајантс, единствен поентер беше Бастер Поуси, кој имаше еден хоум-ран и четири освоени бази.
На другата страна, одлични при трчањето беа Трент Гришам, Ерик Хосмер и Џејк Кроненворт.



