
Екипата на Вашингтон Визардс во потполност се вклучи во битката за плејоф, иако имаше очаен старт на сезоната.
Имено, синоќа Визардс ги поразија Кливленд Кавалирс со 93-122 и на тој начин дојдоа до дванаесеттата победа на последните четиринаесет пресметки.
После неизвесното прво полувреме, гостите во потполност издоминираа во второто, стекнувајќи о максимална предност од +33 во два наврати.
Статистички најистакнат кошаркар кај Вашингтон беше Расел Вестбрук со трипл-дабл учинок од 15 поени, од 12 скокови и од 11 асистенции, додека поефикасни од него беа Пол Нето и Бредли бил со 17, односно со 19 кошеви.
Од составот на Кавалирс, Колин Секстон беше најдобар со 22 поени, а дабл-дабл забележа Џерет Ален (13 поени и 11 скокови).
На Истокот, Вашингтон (29-34) дојде до десеттото место, додека Кливленд (21-42) ја држи тринаесеттата позиција.



