
Во вториот меч од шестото коло на НРЛ, Мелбурн Сторм рутински славеа над Кронула Шаркс со 40-14.
После првото полувреме се чинеше дека можеби , Ајкулите” ќе направат сензација бидејќи заминаа на пауза со предност од 6-8.
Сепак, во вториот дел, Мелбурн направи серија од 34-0 што му го донесе петтиот триумф во низа.
Кај Шаркс, Бритон Никора (30′) и Конор Трејси (79′) беа единствените што постигнаа есеј, а другите поени беа дело на Чад Таунсенд, кој погоди две конверзии и еден пенал.
Од редовите на Сторм, задолжен за шутевите беше Камерон Манстер со прецизни 3/8 конверзии и 1/1 пенал.
Од друга страна, полагањата за победничкиот состав ги постигнаа Џош Адо-Кар (19′), Том Ајзенхут (45′), Туи Камикамика (52′), Реимис Смит (55′, 70′, 76′), Џаром Хјус (62′) и Брендон Смит (66′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на речиси сите ривали, Мелбурн го зазема третото, а Кронула – тринаесеттото место.



