
Премиерниот меч од синоќешната МЛБ програма беше во живо емитуван на Јутјуб, а истиот донесе изненадувачки резултат.
Имено, Минесота Твинс славеа само по вторпат на последните десет средби, совладувајќи ги Кливленд Индијанс со убедливи 2-10.
Претставниците на Минеаполис го најавија својот триумф уште по првите три ининзи, после кои веќе водеа со 1-7.
Победничкиот состав на своето конто имаше шест хоум-рани, постигнати од пет различни играчи: Бајрон Бакстон, Џош Доналдсон, Хорхе Поланко, Вилијанс Астудиљо и Митч Гарвер (х2).
Од друга страна, двата поени на домашниот состав паднаа преку Амед Росарио, кој во вториот период забележа хоум-ран, а во петтиот освои четири бази.
Непосредно по мечот, Минесота (8-15) беше претпоследен тим во Американската лига, додека Кливленд (11-12) го заземаше десеттото место.



