Во натпревар од Бундеслигата македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт на домашен терен славеа над Гепинген со 28-26. Жарко Пешевски одигра без грешка и даде 2 погодоци од 2 шута на овој меч.
Ова беше 10. победа за Штутгарт оваа сезона со која се оддалечи од опасната зона во борбата за опстанок.



