ЖРК Куманово лидерот во Женската лига славеше нагости против ЖРК Кузман Вардар со 18-54 (полувреме 12-23). Најефикасна кај Куманово беше Ана Шарановиќ која реализира 16 гола, додека кај ЖРК Кузман Вардар, Јовевска имаше шест гола.
ЖРК Чаир беше убедлив дома против Ѓорче Петров со 37-25. Николовска и Алексоска дадоа по 7 гола во тимот на Чаир, додекај кај гостинките Цветановска беше најефикасна со 6.
ЖРК Вардар кај ЖРК Овче Поле СУ во Свети Николе славеше со 23-30 (полувреме 9-15). Најефикасна беше Галевска со 7, додека кај домаќинот Вучевска имаше 8 голови.



