Ривалството помеѓу сојузните држави, Илиноис и Висконсин, ја доживува својата кулминација во бејзболот, во името на Чикаго Кабс и на Милвоки Бруерс.
Имено, синоќа, мотивираните Кабс го одиграа својот најдобар овосезонски натпревар и ги декласираа Бруерс со 15-2.
Впрочем, после само две деветтини, претставниците на Чикаго веќе водеа со 10-0, а потоа додадоа уште еден, односно уште четири поени во четвртиот и во шестиот ининг.
За домаќините, по еден хоум-ран постигнаа Ентони Рицо, Хавиер Баез, Џејк Марисник и Вилсон Контрерас, а по четири бази освоија уште седум други играчи.
Од друга страна, единствените поени за Милвоки дојдоа преку хоум-раните во шестиот ининг на Колтен Вонг и на Били МекКини.
На табелата на Националната лига, непосредно по натпреварот, Милвоки (11-8) го заземаше третото, а Кабс (10-9) – четвртото место.
📸 Quinn Harris/Getty Images



