По петти пат во низа, дербито на Даблин им припадна на Шамрок Роверс, кои денес, во рамките на седмото коло од ирската Премиер дивизија, славеа над Бохемианс со 2-1.
Номиналните домаќини, а воедно и актуелни ирски шампиони, го отворија резултатот уште во 5. минута, кога Дилан Вотс стрелаше за 1-0.
Петнаесет минути подоцна, Бохемианс успеаја да израмнат на 1-1, откако Рос Тирни со гол ја круниса прекрасната акција на своите соиграчи.
Имено, за ,,Црвено-црните”, ова беше прв погодои против најголемите ривали после четири меѓусебни пресметки.
Во 75. минута, ,,гостите” останаа со играч помалку, откако Џејмс Финерти доби директен црвен картон, казнет со пенал.
Ударот од белата точка успешно го изведе Греам Бурк, кој воедно го постави и конечниот резултат, носејќи им ја четвртата овосезонска победа на Роверс.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Шамрок Роверс го делат првото место со Ст. Патрикс, додека Бохемианс го заземаат шестото место.
📸 Eóin Noonan/Sportsfile via Getty Images



