Металург дома го совлада тимот на Пролет со 29-22 (полувреме 13-12) и го запиша вториот триумф во плејофот од ракометната Суперлига. Со оваа победа Металург останува во игра за излез во Европа. По повредите на Тарабокија и Лазаревски , екипата на Иван Марковски игра одличен ракомет пролетва против сите ривали во Суперлигата.
Најдобри во екипата на Металург беа Златко Хорват со 9 голови и Мартин Серафимов со 6 гола сите во вториот дел, додека кај Пролет по 4 погодоци постигнаа Пецаковски и Палевски.



