„Трчам, значи постојам“ - конкурс за поезија во рамки на меѓународната спортската манифестација „Трка на поезијата“, Струга Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, годинава по прв пат, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Трчам, значи постојам“ специјална награда на настанот, востановена во чест на градот Струга и неговата поетска традиција. На конкурсот можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена песна на темата, на мајчин јазик, на email адресата: konkurs@poetryrun.mk. Во рамки на пораката, треба да се испрати и име и презиме и телефон за контакт. Поезијата може да се испраќа до 15.05.2021. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот е создаден со цел да се даде и една друга димензија на трчањето, која на некој начин е уметност. Трчањето е од оние дисциплини, која поттикнува работа на себе, како на физичката, така и на психичката спремност. Таа на некој начин е соочување со себеси, а во крајна инстанца и победа на себеси. Не залудно, Кристин Армстронг вели: „Има нешто магично во трчањето; после некоја дистанца, го трансцендира телото, малку подалеку, го трансцендира умот. Уште малку потоа, и она што е пред вас, стои соголена вашата душа“. Поетскиот конкурс, кој е во рамките на спортската манифестација ќе го координира тричлена жири-комисија составена од: д-р Мерсиха Исмајлоска, доктор по филолошки науки, д-р Еди Ќела, доктор по филолошки науки, и м-р Ивана Андоноска Спасовска, магистер по правни науки. Конкурсот има тенденција да стане традиционален, како и спортската манифестација „Трка на поезијата“, Струга, од која е дел.
Текстот е превземен од фан страната на Трка на Поезијата – Poetry Run