Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето во Струга лесно со 16-30 (полувреме 10-14). Радовиќ со 6 и Мандалиниќ со 5 погодоци беа најефикасни за гостите. Кај Струга најефикасен беше Ракочија со 5, а го следеше Дарио Симоновски со 4 гола.
Вардар ја забележа и осмата победа откако славеа против Еурофарм Пелистер 2 во Битола со 26-33. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа одлично прво полувреме во кое водеа со 18-17. Во вториот дел Вардар успеа со поагресивна игра да создаде разлика и да стигне до висока победа. Тимур Дибиров беше најдобар срелец на Вардар и на оваа средба со 8 погодоци, пред Гоце Георгиевски со 7.Павле Атанасијевиќ и Петровиќ со по 6 погодоци беа најефикасни во Еурофарм Пелистер 2.



