Првиот денешен меч од седмото НРЛ коло беше огромен спектакл помеѓу Голд Коуст Титанс и Саут Сиднеј Рабитохс.
Накрај, Рабитохс успеаја да дојдат до победата со резултат од 30-40.
После првото полувреме, Голд Коуст имаа предност од 24-10, но истата се ,,стопи” во вториот дел, кој претставниците на јужен Сиднеј го добија со убедливи 6-30.
За Титанс, Давид Фифита (2′, 30′, 32′) запиша хет-трик, а освен него, преку есеј поентираа Џамал Фогарти (38′) и Тајрон Пичи (68′).
Освен за есејот, Фогарти беше задолжен и за сите пет конверзии.
Од друга страна, Адам Рејнолдс успешно конвертираше 5/6 шутеви, а притоа погоди и три пенали.
Покрај него, во листата на поентерите од победничкиот состав се запишаа уште Џексон Пауло (19′), Коди Вокер (22′), Дане Гагаи (44′), Бенџи Маршал (49′, 70′) и Алекс Џонстон (56′).
За Рабитохс, ова беше петта победа во низа, доволна за второто место, додека Голд Коуст остана на седмата позиција.
📸 Chris Hyde/Getty Images



