По мини-серијата од два порази, Мајами Марлинс се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги Балтимор Ориолс со 3-0.
Имено, претставниците на Флорида ги постигнаа сите три поени во петтиот ининг од мечот.
Најпрво, Остин Хејс и Сенди Леон стигнаа до четвртата база по ударот на Хесус Агилар, кој неколку минути подоцна поентираше, откако Адам Дувал ја удри топката.
Од фрлачите на Мајами, Тревор Роџерс имаше одличен учинок од осум страјк-аути во седум ининзи.
Непосредно по натпреварот, Мајами (8-9) беше осми во Националната, а Балтимор (8-10) – деветти во Американската лига.
📸 Michael Reaves/Getty Images



