Со синоќешниот триумф од 1-4 над Аризона Којотес, Минесота Вајлд дојде до петтата победа во низа.
Имено, Аризона го отвори резултатот во првата третина, откако Кристијан Дворак ја затресе мрежата на Камерон Талбот.
Сепак, во наредните два периоди, Талбот во потполност ги затвори сите прооди кон својот гол и го заврши мечот со 39/40 одбранети удари (97,5%).
Во вториот дел, израмнување на Вајлд им донесе нивниот втор најдобар стрелец, Кевин Фијала, кој се запиша во листата на стрелците по шеснаесетти пат сезонава.
Третата третина целосно помина во знакот гостите од Минеаполис, кои дојдоа до конечното славје со головите на Маркус Фолињо, на Кирил Капризов и на Нико Штурм.
На табелата на Западната дивизија, Минесота остана на третото, а Аризона – на четвртото место.
📸 Norm Hall/NHLI via Getty Images



