Во рамките на 43. коло од англиската Лиг 2, по 82. пат во историјата, беше одиграно дербито на Есекс помеѓу Колчестер и Саутенд.
Овој меч никогаш немал поголемо значење отколку денес бидејќи го добивме одговорот на две прашања.
Имено, Колчестер славеше со 2-0, односно дојде до 31. триумф над големиот ривал и со тоа обезбеди опстанок во четвртата лига.
Што се однесува до Саутенд, поразот практично значи и релегација, односно играње во петтата лига за првпат после сто години.
Двата голови на мечот паднаа во првото полувреме, кога мрежата на Марк Оксли ја затресоа Мајкл Фоливи (30′) и Хари Пел (37′).
Во вториот дел, сите надежи на Саутенд паднаа во вода, откако директен црвен картон за стартот над стрелецот Пел, доби Џејсон Деметриу (69′).
📸 Kieran Galvin ActionFotoSport



