Во 43. коло на англискиот Чемпионшип, Норвич го запиша вториот пораз во низа на домашен терен, откако загуби со 0-1 од Вотфорд.
Вотфорд беше подобар тим во текот на цел меч, а единстцениот погодок падна во 57. минута, кога Ден Гослинг го совлада Тим Крул по асистенцијата на Жоао Педро.
За Норвич, денешниот пораз значи само одложување на славјето за титулата во втората лига, откако минатата недела веќе обезбеди враќање во Премиер лигата.
Од друга страна, Вотфорд, со новите три поени, остана на второто место и се вклучи во битката за тронот, а исто така со ,,една нога” избори промоција во елитата.
📸 Stephen Pond/Getty Images



