Лидерот на табелата во Лиг 2, Челтенам, негативно го отвори 42. коло, откако неочекувано загуби со 1-0 од аутсајдерот Кроули Таун.
Имено, претставниците на Глостершир доминираа во поголемиот дел на натпреварот, но единствено успеаја да упатат само еден шут во рамките на голот на Глен Морис.
Од друга страна, фудбалерите на Кроули беа за нијанса поуспешни, а единствениот стрелец беше џокерот од клупата, Џордан Мегваер-Дру (77′), кој погоди за првпат во дресот на ,,Црвените ѓаволи”.
Кроули го совлада Челтенам за првпат после 31 август 2019 и со тоа направи низа од две победи, односно од три натпревари без примен погодок.
Сето тоа придонесе за скок на десеттото место на табелата и доближување на само три поени од плејоф-зоната.
Впрочем, што се однесува до гостинскиот состав, тој остана на врвот и има ,,капитал” од пет бодови што го остава во позициите што носат директна промоција.
📸 Twitter: Crawley Town FC



