Во вистински драматичен меч езерско дерби помеѓу Струга и Охрид во Супер-лигата заврши без победник, 17-17 (полувреме 8-8). Целиот меч се играше гол за гол. Во финишот имаше вистинска драма. На 10 секунди до крајот Даниловски го одбрани пеналот на Николиќ и го спаси Охрид од пораз.
Најефикасен кај домашните беше Вукашин Ракочија со 5гола, а по 3 погодоци постигнаа Рајатоски, Николиќ и Пајкоски. Кај Охрид, Денис Тот и Бобан Блажески постигнаа по 5 гола.



