На 30 март, Виган Атлетик конечно доби нов сопственик во името на корпорацијата Феникс 2021 Лимитед.
Оттогаш, англискиот состав одигра четири средби и веќе ја пронаоѓа посакуваната форма, откако славеше на два натпревари во низа.
Имено, популарните ,,Латикс” денес, во заостанатиот меч од 36. коло во рамките на англиската Лиг 1, славеа со 2-1 над фаворизираниот Сандерленд.
,,Црните мачки” го отворија резултатот во 32. минута, откако Чарли Вајк го постигна својот 23. овосезонски погодок.
До крајот на полувремето, Виган израмни преку Вил Кин (42′), а целосниот пресврт го комплетираше Калум Ленг (56′).
И покрај вториот последователен пораз, Сандерленд остана на третата позиција на табелата, додека Виган успеа да излезе од ,,црвената” зона.
📸 Ian Horrocks/Sunderland AFC via Getty Images



