АК Барс Казањ ја продолжија традицијата со гостинските победи во полуфиналната серија против Авангард Омск, откако денес славеа со 0-2 и изборија ,,мајсторка” за пласман во финалето.
Во шестиот меѓусебен меч во низа повторно победија гостите, кои овој пат постигнаа два погодоци во третата третина.
Двоен стрелец на натпреварот беше Кирил Петров, кој дојде до петтиот, односно до шестиот гол во тековниот плејоф.
,,Зелените” беа подобар тим на ледената плоча што се покажува и со фактот дека го лимитираа Авангард на само 19 шутеви.
Сите од нив беа запрени од голманот Тимур Билјалов, кој го запиша петтиот шут-аут во сезоната.
📸 Вадим Китаев



