Kaпитенот на Охрид, левото крило Крсте Андоновски во пресрет на претстојното езерско дерби e oптимист и верува во победа на својот тим:
“Во четврток се игра езерското дерби, не очекува тешко гостување против екипата на Струга која оваа година има навистина квалитетна екипа. За дополнителна тежина на натпреварот допринесува и големото ривалство помеѓу Охрид и Струга. Оваа година за жал езерското дерби ќе биде посиромашно за двете навивачки групи,Рибари и Паткари и другите љубители на ракометот поради протоколите кои се на сила заради заштита од вирусот Covid -19. Очекувам фер и коректен натпревар и се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме.”



