Бафало Сабрес успеаја да ја прекинат мини-серијата од два порази, откако синоќа ги поразија Филаделфија Флаерс со 3-5.
Во првата третина, Оскар Линдблом и Џоел Фераби им донесоа предност од 2-0 на Флаерс, но во вториот дел, Сем Рајнхарт и Арту Руотсалаинен (прв гол во НХЛ) израмнија на 2-2.
Шејн Гостисбеер, на стартот на третиот период, им ја врати предноста на домаќините, но во последните три минути, Бафало постигна три погодоци и стигна до конечен триумф.
Стрелци за тимот од сојузната држава Њујорк беа Џеф Скинер, Расмус Асплунд и Кејси Мителштадт.
На табелата на Источната дивизија, Бафало останува на дното, додека Филаделфија ја држи петтата позиција.
📸 Len Redkoles/NHLI via Getty Images



