Синоќа, Торонто Рапторс ја прекинаа мини-серијата од два порази, откако славеа со 115-135 над Кливленд Кавалирс.
Канадските претставници водеа во текот на цел натпревар, предводени од одличната прва четвртина, добиена со 26-47.
Имено, за Торонто, ова беше рекорден процент на погодоци во првиот квартал (85%), рушејќи го претходниот рекорд од 18 март 2019 (82,4%).
Исто така, во историјата на франшизата, 87 кошеви за едно полувреме се апсолутен рекорд, односно дури за осум повеќе од претходните највисоки 79.
Како најефикасен играч на мечот беше Гери Трент (Торонто) со 44 поени, а од соиграчите исто така се истакна и Малачи Фин со дабл-дабл од 20 поени и од 11 асистенции.
Кај Кавалирс, најпрецизен со 29 поени беше Колин Секстон, а по него следуваше Дариус Гарленд со 19.
На табелата на Источната конференција, Торонто (21-32) го држи единаесеттото, а Кливленд (19-33) – тринаесеттото место.
📸 Lauren Bacho/Getty Images



