Денес, во рамките на полуфиналето од КХЛ, беше одигран убедливо најдолгиот меч од тековната сезона.
Имено, СКА Ст. Петербург славеше со 2-3 над ЦСКА Москва, а за тоа, освен регуларните шеесет минути, беа потребни уште три дваесетминутни продолженија.
Имено, во првата и во третата третина, ЦСКА по еднаш ја затресе мрежата на Магнус Хелберг преку Максим Мамин и преку Брендан Лајпсик.
Од друга страна, СКА во вториот период стрелаше двапати, а голгетери беа Васили Подколзин и Кирил Марченко.
Со оглед на тоа што во плејофот нема пенали, се играа дополнителни 54 минути за да го добиеме денешниот победник.
Накрај, херој на СКА беше Подколзин, кој со својот втор гол на натпреварот успеа да го остави во игра својот тим.
После денешниот дуел, на претставниците на Москва им остана уште една ,,меч-топка”, бидејќи водат со вкупни 3-2.
📸 Twitter: KHL



