Еден од најпопуларните и најдобрите бендови од Битола, за кои може слободно да кажеме дека овој епитет го имааат и низ целата наша држава, „Brass Brothers“ конечно ја израдуваа многубројната публика со своја нова авторска песна со наслов, „Inseparable”.
„Драги пријатели и пријателки, Во ова исклучително тешко и тажно време, Brass Brothers ви ја презентираат и посветуваат својата нова песна “Inseparable”, прва од албумот “Balkan Mayhem”, со надеж дека на момент ќе Ви ги оттргнеме мислите од сите предизвици кои ни ги наметна пандемијата.” – напишаа на својот официјален фејсбук профил.



