Eкипата на Линц на домашен терен славеше многу значајна победа против директниот ривал за опстанок тимот на Грац со 32-30. Тимот на Костески иако на полувреме губеше со 14-19 успеа со одлична игра да се врати во вториот дел и да слави.
Најдобар и најефикасен ракометар на теренот во двата тима беше токму нашиот Никола Костески со 12 голови , неколку пенали и исклучувања врз него за што сосема заслужено ја доби наградата МВП.



