Првиот денешен меч од петтото коло од новата НРЛ сезона го одиграа Нов Зеланд Вориорс и Менли Си Иглс.
Вориорс влегоа во дуелот како фаворити, но сепак загубија во последната секунда со 12-13.
Двете екипи на овој меч постигнаа по два полни есеи, а разликата ја направи прецизниот дроп-гол на Дели Чери-Еванс во самиот финиш.
Имено, есеите за Менли ги постигнаа Џејсон Сааб (28′) и Џош Шустер (60′), а Рубен Герик ги погоди и двете конверзии.
За Вориорс, со полагање поентираа Кен Маумало (31′) и Шон О’Саливен (46′), а Коди Никорима беше успешен од шутевите за два поени.
За Вориорс, ова беше трет овосезонски пораз, додека Си Иглс славеа за првпат после 11 септември 2020, кога ги надиграа Кантербери Булдогс со 20-32.
📸 Twitter: NRL



