Авангард Омск поведе со вкупни 2-0 во полуфиналната серија против АК Барс Казањ, но сепак не успеа да дојде на чекор до финалето, бидејќи денес загуби на домашен терен со 1-2.
Имено, гостите од Казањ стекнаа капитална предност уште во првата третина, кога Роман Рукавишников и Дмитри Воронков ја затресоа мрежата на Симон Хрубец.
Во вториот период, Клим Костин, со третиот гол на последните три средби, успеа да го намали заостатокот на Омск, а воедно и да го постави конечниот резултат.
📸 Twitter: ХК Ак Барс



