Келце загуби од Нант во осминафиналето од Лигата на шампионите со 31-34. Со оваа победа Нант се пласира понатаму и покрај минималниот пораз минатата недела на домашен терен.
Кај Нант најефикасен беше Ривера со 9 голови, а нашиот Кире Лазаров го заврши мечот со 4 погодоци. Кај Келце најефикасен беше Кулеш со 6 гола. Во следното коло Нант ќе игра со подобриот од дуелот Веспрем – Вардар.



