Дербито на четириесеттото коло од англиската Лиг 1 го одиграа две екипи што конкурираат за влез во Чемпионшип, односно Питерборо Јунајтед и Сандерленд.
Нивниот меѓусебен дуел пружи голема возбуда и интересни потези, а накрај заврши со 1-1.
Питерборо го отвори резултатот преку резервистот од клупата, Ширики Дембеле (66′), кој го постигна својот седми овосезонски погодок по неверојатната асистенција на Нејтан Томпсон.
Во продолжение, Сандерленд ја презеде контролата и успеа да израмни со голот од слободен удар на Ејден МекГиди (81′).
Ситуацијата на табелата остана непроменета со тоа Питерборо остана на второто, а Сандерленд на третото место.
📸 Ian Horrocks/Sunderland AFC via Getty Images



