Денес, тимот на Блумендал стигна до рекордната четврта титула во Лигата на шампионите во хокеј на трева.
Имено, холандскиот состав во финалето славеше со 2-5 над шпанскиот претставник Атлетик Тераса.
На втората пауза, новите шампиони заминаа со предност од 1-3, која ја зголемија во второто полувреме.
Стрелци за Атлетик Тераса беа По Канил (10′) и Џорди Бонастре (59′), додека за Блумендал погодија Јаник ван дер Дрифт (3′), Тиери Бринкман (5′, 36′), Флоријан Фухс (17′) и Тим Свен (50′).
Во полуфиналните дуели, Блумендал го порази белгискиот Леополд на пенали (2-1), а Атлетик Тераса победи против германскиот Мулхајм (2-3).
📸 Twitter: Euro Hockey League



