Третото коло од новата АФЛ сезона беше комплетирано денес со дуелот на двете мелбурнски екипи – Џилонг Кетс и Хоторн Хокс.
Накрај, до втората победа сезонава дојде Џилонг, кој славеше со (10.9) 69-64 (9.10).
Имено, Кетс водеа со двоцифрена разлика речиси во текот на целиот натпревар, а Хокс успеаја сериозно да се приближат во финишот, но безуспешно.
Како најефикасен играч на мечот се покажа Том Хокинс од победничкиот состав со 16 поени (2.4).
Од неговите соиграчи, два гола постигна и Џек Хенри (2.0).
Што се однесува до противниците, најкорисни фудбалери беа Митч Луис (2.1) и Лук Бројст (2.0).
На табелата, после три кола, Џилонг ја заземаат осмата, а Хоторн – четиринаесеттата позиција.
📸 Quinn Rooney/Getty Images



