Исто како и минатата сезона, така и сега, Парамата Илс запишаа четири победи на првите четири средби.
Токму денес, ,,Јагулите” дојдоа до четвртиот триумф, откако во последниот меч од четвртото коло славеа над Вестс Тигерс со 22-36.
Илс постигнаа четири есеи во првото и три есеи во второто полувреме, наспроти Тигерс, кои положија по двапати и во двата дела.
Од домашните редови, во листата на поентерите се запишаа Дејн Лори (29′), Стефано Утоикаману (34′), Адам Дуеи (63′ и 3/4 конверзии) и Џејкоб Лидл (71′).
Кај гостите, Митчел Мозес погоди 4/7 конверзии, а есеи забележаа Марата Ниукоре (12′), Ајзеа Папали’и (18′), Том Опачиќ (24′, 39′), Блејк Фергусон (44′, 80′) и Клинтон Гатерсон (77′).
На табелата, Илс го делат првото место со Пенрит Пантерс со стопроцентен учинок, додека со само една победа, Вестс се наоѓаат на тринаесеттото место.
📸 Mark Metcalfe/Getty Images



