АК Барс Казањ не ја искористија предноста од домашен терен на првиот полуфинален дуел против Авангард Омск во кој загубија со 1-3.
Имено, гостите од Омск поведоа со вкупни 1-0 во меѓусебната серија со денешните голови во првата и во третата третина, нанесувајќи им го првиот пораз на противниците во тековниот плејоф.
Резултатот беше отворен уште во дванаесеттата минута, кога Кирил Готовец го заби својот прв плејоф погодок во кариерата.
Во вториот дел, домаќините успеаја да израмнат преку Кирил Петров во момент кога имаа играч повеќе на ледената плоча.
Во третата третина, хокеарите на Омск двапати ја затресоа мрежата на Адам Рајдеборн за да го постават конечниот резултат.
Овој пат, во листата на стрелците се запишаа Кирил Семјонов и Клим Костин во последните 107 секунди од натпреварот.
📸 Twitter: ХК Авангард



