Во рамките на 16 коло од Трета лига – Југозапад, екипата на ФК Сатеска во Волино го нагости тимот на ФК Македонија Враништа и остварија супер важна победа од 2:0. Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера каде што најзаслужни за триумфот се стрелците Никола Угриноски и Боге Бимбилоски.
Сатеска во претходното коло го совлада тимот на Влазними со 3:1 и ова за нив е серија од две победи во серија. Гостите ќе се обидат следните кола да прокнижат нови бодови за што порелаксиран финиш на сезоната.



