Во рамките на 16 коло од Трета лига – Југозапад, екиапта на ФК Црно Буки го нагости тимот на ФК Влазними од Струга и покрај негативата од 0:2 на полувреме, домаќините со фуриозен втро дел стигнаа до висок триумф од 5:2.
Гостите на полетокот и на крајот на првиот дел постигнаа голови, но и тоа не му беше доволно затоа што крајниот резултат гласи 5:2 за Црно Буки. Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, а воведниот гол за домаќините го постигна Велевски Петар во 55 минута, израмнувањето стигна во 66 минута со голот на Велјановски Александар.
Целосниот пресврт стигна преку Даралиовски Оливер во 71 минута, а недостижната предност ја донесе Огненовски Алекандар во 75 минута. Конечниот резултат и новите три бода ги постави резервистот Аце Јанкуловски во судиското надополнување.