Во рамките на 16 коло од Трета лига – Југозапад, домашната екипа на Октиси Спорт се соочи против лидерот на табелата Воска Спорт и фаворитот потешко од очекувањата дојдоа до тесна победа во ефикасен меч од 2:3 на полувреме беше 0:2.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, каде што Октиси не се исплаши од лидерот и прв фаворит за повисок ранг, тимот на Воска, па по негативата од два гола разлика од првиот дел, во второто полувреме се консолидираа, но сепак во борбена игра ги загубија сите три бода.



