Синоќа, Денвер Нагетс ја запишаа третата победа во низа, откако, во дербито на денот, ги совладаа Филаделфија 76ерс со 104-95.
Токму Нагетс беа тимот што водеше уште од самиот старт, а веќе во првата четвртина стекна двоцифрена предност што ја задржа до самиот крај.
Тројцата најпрецизни кошаркари доаѓаа од победничкиот состав. Од нив, со 30 кошеви, најефикасен беше Џамал Мареј, а дабл-дабл постигнаа Портер (27 поени и 12 скокови) и Никола Јокиќ (21 поен и 10 скокови).
Кај 76ерс, најдобар беше Макси со 13 кошеви.
Со новиот триумф, Денвер (29-18) дојде до петтата позиција на Западот, додека Филаделфија (32-15) е прва на Истокот.
📸 Garrett Ellwood/NBAE via Getty Images



