Екипата на Џио Струмица ја одбрани титулата во Купот на Македонија со денешната победа над Универзитет од Тетово во големото финале со резултат од 3:1 по четвртини (18:25, 25:21, 25Ч20, 25:16).

За струмичката екипа ова е осма Куп-титула во својата историја. Оваа сезона ќе има можност да слави и во домашното првенство и да освои нова двојна круна. Инаку финалето се одржа во Струмица.




