На патеката во Лусаил, Катар, денес беше отворена новата сезона во МотоГП шампионатот.
На премиерната трка во 2021 година, после возбудлив развој на настаните, до деветтата победа во кариерата дојде Маверик Вињалес на ,,Јамаха”.
На второто место, односно по осми пат на подиумот, заврши возачот на ,,Дукати”, Жоан Зарко, кој вчера постави рекорд од најголема брзина во историјата на овој мотоспорт од 362,4 км/ч.
Подиумот го комплетираше освојувачот на пол-позицијата, Франческо Бањаја, кој се најде на пиедесталот по вторпат во кариерата.
Актуелниот шампион, Жоан Мир, со своето ,,Сузуки” беше второпласиран сè до последниот излез на стартно-целната рамнина, кога беше претекнат од Зарко и од Бањаја.
Во продолжение, сите останати мотоциклисти доцнеа над три секунди, а во топ 10 завршија: Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Алеиш Еспаргаро, Пол Еспаргаро, Џек Милер и дебитантот Енеа Бастијанини.
На оваа трка, а засега и на наредните две, нема да настапува Марк Маркез, кој сè уште се опоравува од минатогодишната повреда.
📸 Robert Cianflone/Getty Images



