Во рамките на 15 коло од Трета лига – Југозапад во фер и коректен натпревар домашниот тим на ФК Сатеска стигна до важна победа и нови три бода со триумф од 3:1 против струшки ФК Влазними.
Победата и трите бода се дело на стрелците Боге Бимбилоски кој имаше учинок од два постигнати гола и еден гол беше дело на Николоа Угриноски. Влазними со овој пораз се позиционира на петтата позиција со 28 бода, додека ФК Сатеска од Волино сега е на деветата позиција со 21 бод.