Новата сезона од Формула 1 шампионатот започна овој викенд со трката во Бахреин.
На неа, во исклучително возбудлив финиш, до 96. победа во кариерата дојде актуелниот шампион – Луис Хамилтон.
Само 0,7 секунди позади него заврши Макс Ферстапен, кој на три кругови до крајот го претекна Хамилтон, но мораше да го препушти поради тоа што ја напушти патеката.
На третото место во текот на целата трка се наоѓаше Валтери Ботас, кој по 57. пат заврши на пиедесталот.
Во продолжение, четвртото и петтото место им припаднаа на Ландо Норис и на Серхио Перез, а поени освоија уште Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Јуки Цунода и Ленс Строл.
Цунода денес дебитираше во Ф1 и стана првиот возач роден во 21. век што настапил, а воедно и што освоил поени на трка.
Од друга страна, дебито во Ф1 на Никита Мазепин траеше само една минута, бидејќи Русинот излета од патеката на третата шикана и донесе безбедносно возило.
Третиот дебитант, Мик Шумахер, заврши на последното 16. место.
📸 Clive Mason – Formula 1/Formula 1 via Getty Images



