Серијата од четири порази на Филаделфија Флаерс беше прекината синоќа, со победата од 2-1 над Њујорк Ренџерс.
Во првата третина, ,,Ренџерите” поведоа преку Мика Зибанеџад, кој пред два дена запиша хет-трик против истиот ривал.
Во продолжение, со по еден погодок во наредните два периоди, Флаерс успеаја да направат пресврт и да триумфираат на домашен терен.
Двајцата хокеари што ја затресоа мрежата на Игор Шестјоркин беа Нолан Патрик и Самуел Морин.
За 25-годишниот Морин, ова беше прв погодок, а воопшто и прв поен, во НХЛ.
На табелата на Источната дивизија, Флаерс ја заземаат петтата, а Ренџерс – шестата позиција.
📸 Len Redkoles/NHLI via Getty Images



