Во рамките од 19 коло од Првата македонска женска фудбалска лига забележана е нова победа против екипата на Шкупи во Скопје. Победникот беше решен на овој меч уште во прво плувреме, бидејќи прилепчанки во Скопје имаа предност во тој дел од играта од 0:5 на крај заврши резултатот 1:7.
Најзаслужни за победата се стрелците Ангела Стојкоска која што постигна хет-трик и се етаблира како една од најдобрите во нападот оваа сезона, потоа во чекор Стојкоска ја следеа Катерина Милеска која што беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Даниела Велеска и Јована Ѓорѓиоска.



