Србија и Португалија ремизираа 2:2 во меч одигран во Белград, во рамките од второто коло до квалификациите за Светското првенство во Катар. Двете селекции доминираа по едно полувреме. Португалија речиси на идентичен начин даде два гола во првиот дел, кога Диого Жота погодуваше со глава.

Во второто полувреме србите беа тие кои тргнаа напаѓачки и преку Митровиќ намалија на 1:2 во 46 минута, а Костиќ погоди за 2:2 во 60 минута. Кога се чекаше крајот најпрвин Србија остана со играч помалку на терен откако Милинковиќ доби црвен картон, а во последниот напад на португалците Роналдо навидум постигна чист гол, кој што судијата не го досуди и од португалската ѕвезда следеа жестоки реакции при што доби и жолт картон, а тој предвреме сам се упати кон соблекувалните и ја фрли на терен капитенската лента.
