Екипата на Тиквеш забележа нова важна победа во плеј-аутот и славеше над Радовиш со резултат од 27:32 со што си ги зголеми шансите за опстанок. Кај победникот Симиќ беше најдобар со 6 гола, пред Медиќ и Ѓорѓиевски со по 5, додека кај радовишани, Ивица Илиев имаше 11 гола.
Четвртата победа во низа за младите момци на РК Голден Арт КЛ7 против искусната екипа на РК Младост 1977 со резултат од 35:31 во суперлигашката конкуренција. Најефикасен на овој дуел беше Симоноски со 10 погодоци, додека Ѓоргиев постигна 9, а Стојков 5.



